Connect with us

Фудбал

На проблематичниот фудбалер на Арсенал му се забранети и тренинзи со тимот

Младиот фудбалер на Арсенал, Матео Гендузи е во големи проблеми и речиси сигурно следната сезона нема да биде дел од топџиите. Тој е во центарот на вниманието по мечот со Брајтон, кога ги навредуваше противничките играчи, по што настана гужва на теренот.

Младиот играч се обиде да го објасни инцидентот, велејќи дека ги штител своите соиграчи, но не е прв пат да прави инциденти. Медиумите пишуваат дека Гендузи одбил да се извини на тренерот Артета, како и на спортскиот директор Еду.

Од тогаш не е во комбинација за мечевите, а според англиските медиуми, веќе една недела тренира индивидуално бидејќи Артета забранил да тренира со останатиот дел од тимот. Ова значи дека следната сезона Гендузи нема да биде во Лондон. Интер е подготвен да го купи.