Фудбал
На Сон му е забрането да се приближува до соиграчите
Еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем, Сон Хјунг Мин, ќе мора да биде во карантин поради страв од коронавирусот.
На Сон му беше дадена дозвола да помине неколку дена во Сеул, каде беше подложена на операција, но веднаш беше „преземен“ од страна на здравствените експерти при неговото враќање во Лондон.
Бидејќи Јужна Кореја беше исто така погодена од коронавирусот, здравствените експерти наредија Сон да биде во карантин две недели и да избегне контакт со другите соиграчи.
„Ова е совети што доаѓаат од владата, и затоа нема да коментирам ништо. Не знам ништо за тоа. Едноставно, ќе треба да го следи протоколот и нема да го видиме некое време”, рече тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.
За да се спречи ширењето на вирусот, некои клубови во Англија забранија играчи да се ракуваат на тренинзите, а безбедноста е на високо ниво кога станува збор за прес-конференции. На пример, новинарите мора да потпишат специјални документи за да потврдат дека не биле во некоја земја каде се појави коронавирусот во изминатите два месеци.