Тајмаут
На Светското првенство во Катар ќе се продава алкохол
Извршниот директор на Светското првенство во Катар, Насер Ал-Хатер потврди дека за време на Мундијалот ќе се продава алкохол во одредени фан зони.
Ова Светско првенство ќе биде прво што ќе се одржи во муслиманска земја на Блискиот Исток. Куранот забранува консумирање алкохол, но тој ќе се продава во одредени фан зони во главниот град на Катар – Доха, кој ќе има капацитет од 40.000 седишта.
Извршниот директор на Светското првенство Насер Ал Катер за Би-Би-Си изјави: „Сакаме да им дадеме на навивачите искуство кое никогаш нема да го заборават. Иако алкохолот ќе биде достапен за оние кои сакаат да го консумираат на одредени места, тој нема да биде отворено достапен на улиците. Сакаме само посетителите кои ќе консумираат алкохол да се држат до одредените области“.
Ал Катер заврши велејќи: „Ние сме исклучително возбудени што ќе му посакаме добредојде на светот во Катар, Блискиот Исток и арапскиот свет“.