Connect with us

Други спортови

На Тајсон понуден реванш против човекот кој го нокаутираше: Дефинитивно ја сакам таа борба!

Мајк Тајсон ги воодушеви сите кога го најави враќањето во рингот.

И покрај тоа што има 53 години, Мајк сепак жестоко удира. Тој го покажа ова право на почетокот на неговиот тренинг, а неговата желба е да направи неколку егзибициони натпревари за добротворни цели.

Веднаш излегоа многумина кои би сакале да се борат против Тајсон, а меѓу нив е и човекот кој го нокаутираше на самиот крај на кариерата.

Британецот Дани Вилијамс (54-28) го нокаутираше Тајсон во претпоследниот натпревар од неговата кариера во 2004 година. Тој сега сака да му понуди реванш и е подготвен повторно да влезе во рингот со него.

“Можам да потврдам дека моите агенти стапиле во контакт со Тајсон. Чекаме одговор, но тоа е борба што дефинитивно ја сакам. Заинтересиран сум за нов натпревар против Тајсон“, изјави Вилијамс.

Денес 46-годишниот боксер имаше однос 31-3 кога го совлада Тајсон. Сепак, тој оттогаш изгуби огромен број борби и извесно е дека новиот натпревар со Мајк ќе му донесе огромна популарност.