Connect with us

Фудбал

На тренерот на Милан му е украден златниот медал

По речиси 20 години како тренер во машкиот фудбал, тренерот на Милан Стефано Пиоли конечно стигна до својот прв златен медал откако го предводеше својот тим до титулата во Серија А. Сепак, тренерот успеал да ужива само неколку минути, бидејќи се испоставило дека некој му го украл за време на веселбите на теренот.

„Ми го зедоа медалот, некој ми го повлече од вратот. Сакам да го побарам назад, бидејќи немам никој друг. Би бил многу благодарен“, изјави 56-годишниот Пиоли.

Подоцна, италијанската фудбалска лига вети дека ќе му даде нов медал на тренерот.

Росонерите триумфираа во Калчото откако во последното коло славеа над Сасуоло со 3-0.