Ракомет
На Вардар в недела му треба победа по тешките порази од Кил и Веспрем
Црвено-црните в недела на домашен терен од 17.30 часот ќе се соочат со белорускиот Мешков Брест во ново возбудување во ракометната лига на шампионите.
„Тешки два меча во Лигата на шампионите и тешки порази се зад нас. Ни следи со Брест в недела, имаме многу проблеми со повреди, не се знае кој ќе игра, наше е да излеземе, да се бориме и да победиме“ , изјави капитенот Стоилов.
Гостува екипа која славеше против црвено-црните на последниот настап пред македонската публика во рамките на СЕХА лигата. Проблем се и повредите но се бара победа по тешките порази од Кил и Веспрем.