Connect with us

Други спортови

На ЗОИ во Пекинг настапи првиот македонски олимпиец, ова е неговиот (не)успех!

Денеска на Зимските олимписки игри во Пекинг настапи првиот македонски спортист.
Ставре Јада беше дел од спринтот во нордиско трчање го освои 86-тото место во конкуренција на 89 натпреварувачи.

Нашиот репрезентативец трката ја заврши со време 1 минута 34 секунди и осум десетинки и зад него завршија само двајца натпреварувачи, Ели Тавк од Либан и Колумбиецот, Андрес Кинтана.
Јада на делницата од 1,5 километар зад најдобриот Шанава од Франција заостана дваесет секунди.