Фудбал
Над 200 илјади сакаат преигрување на финалето во Катар
Над 200.000 француски фудбалски фанови потпишаа онлајн петиција за повторување на финалето на Светското првенство во Катар. „Петлите“ ремизираа 3-3 со Аргентина во регуларното време и во продолженијата, но Лионел Меси и компанија беа попрецизни во пенал рулетот и го симнаа противникот од тронот.
Сега, сепак, Французите сакаат нов натпревар поради, според нив, грубите грешки на судијата Шимон Марчиниак при првите два гола за Албиселесте.
Во Лусаил, Аргентина поведе по пеналот на Меси досуден за прекршокот на Усман Дембеле врз Анхел Ди Марија. „Контактот беше минимален и Ди Марија премногу лесно падна. Ова не може да биде казна“, се вели во петицијата.
При голот на Ди Марија за 2-0, навивачите на „петлите“ забележаа прекршок на Кристијан Ромеро врз Килијан Мбапе, необележан од судиите.
Во исто време, Фудбалската федерација на Франција упати официјална жалба до ФИФА поради омразата кон земјата што ја покажаа Аргентинците за време на прославата по триумфот.
