Други спортови
Надал доби прашање за Ѓоковиќ, а потоа почна да прави гримаси: „Малку ми е досадно…“
Новак Ѓоковиќ останува главна тема во Австралија откако доби забрана за настап на Австралија опен.
Ѓоковиќ десет дена остана во Мелбурн каде се бореше да добие виза за влез во оваа земја, но на крајот не успеа и беше депортиран.
Српскиот тенисер се врати во Белград и за жал нема да учествува на Австралија опен, кој беше еден од неговите омилени турнири во сезоната.
Иако сагата околу Новак заврши, тој се уште е главна тема на Австралија Опен, а другите играчи не можат да го избегнат прашањето за првиот светски рекет.
Имено, откако Рафаел Надал успешно го мина првото коло, следеше прес-конференција, а прашање на време беше кога некој ќе постави прашање за Новак. Кога тоа се случи, Надал веднаш почна да прави гримаси на лицето, и рече дека му здосадило повеќе да зборува за тоа.
“Малку сум уморен од таа тема. Кога го доби првото судење, реков дека правдата зборува, но потоа беше донесена поинаква одлука. Никогаш нема да бидам против тоа што го кажува правдата”, изјави Надал и продолжи.
“Отсекогаш сум имал добри односи со моите ривали бидејќи животот е подобар кога е така. Отсекогаш било така со Новак и му посакувам се најдобро. Целата ситуација беше голем хаос, не е единствениот кој направи грешка, но тој е и делумно одговорен“.