Connect with us

Други спортови

Надал: Федерер е најголем во тенисот, но Ѓоковиќ е поголем проблем

Швајцарецот Роџер Федерер е најголемиот тенисер на сите времиња, но сегашниот лидер на светската ранг-листа Новак Ѓоковиќ од Србија останува посилен противник за Рафа Надал, објави поранешниот тренер на Шпанецот – Тони Надал, кој инаку е чичко на еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Федерер, кој ќе наполни 39 години во август, има освоено рекордни 20 Гренд-слем титули, една повеќе од Надал, кој следниот месец ќе наполни 34 години. Ѓоковиќ, кој е најмладиот од тројцата, во петок ќе наполни 33 години и има 17 трофеи од „големата четворка“.

– За мене, Федерер е одличен тенисер. Јас сакам да го гледам. Ако не бев чичко или тренер на Рафаел, би сакал Федерер да победува на сите натпревари. Федерер е најдобар на сите времиња, млаку по него може се Род Лејвер или Рафаел. Но, во моментот Федерер е најголем, вели тој, кој додава:

– За нас секогаш беше многу тешко да играме против Ѓоковиќ. И ова не е за тоа кој е подобар. За нас, кога игравме со Федерер, имавме идеја како да го победиме. Пред да заминеме на теренот знаевме што да правиме. Рафаел тоа го направи. Против Ѓоковиќ, сепак, многу пати немавме идеја што да очекуваме и како да се спротивставиме, објасни Тони Надал.

Рафаел Надал, кој тренираше под Карлос Моја од почетокот на сезоната 2018 година од повлекувањето на Тони Надал, има 24 победи на 40 натпревари против неговиот швајцарски ривал.