Connect with us

Други спортови

Надал ги објасни причините за поразот од Зверев

Рафаел Надал денес беше поразен од Александар Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Париз.

Вториот тенисер во светот остана без финале откако загуби со 6:4, 7:5 денес од Зверев.

Рафа ги објасни причините за неговиот пораз на денешниот натпревар.

“И јас играв добро. Се вратив подобро од претходните денови, но на почетокот беше невозможно да одговорам на неговите сервиси. Тој испрати вистински бомби и ги погодуваше вистинските места цело време. Морав да одам осум метри зад основната линија и мислам дека помогна. Сепак, тој беше навистина добар”, рече Надал.

Рафа ќе остане да игра на завршниот мастерс во Лондон од 11 ноември оваа година.