Connect with us

Други спортови

Надал ги откри деталите за повредата – Не е добро

Шпанецот Рафаел Надал се повреди за време на второто коло на Австралија опен на мечот со Мекензи Мекдоналд. Тој денеска ги откри деталите за својата физичка состојба и всушност ја потврди дијагнозата на Австралија опен, по прегледот кој го направи во Барселона.

„Денес бев на тениската клиника во Барселона каде направив неколку анализи. Резултатите од Мелбурн беа потврдени, а времињата за опоравување останаа исти. Воспоставени се методи на лекување. За три недели ќе направиме нови тестови за да видиме напредок“, напиша Надал на Твитер.

Да потсетиме, лекарите во Австралија предвидуваа дека Надал ќе има пауза од шест недели до два месеци.