Connect with us

Други спортови

Надал го потврди учеството на Австралија Опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го потврди учеството на претстојниот грен слем турнир Австралија опен. Ова го соопшти директорот на турнирот Крег Тајли.

-Разговарав со Надал. Тој го потврди своето учество и има намера да се врати во препознатлива форма, изјави Тајли.

За потсетување, Надал се соочи со повреди по САД Опен и е надвор од терените од септември.

Шпанецот во финишот на сезоната го загуби првото место на АТП  листата каде сега се наоѓа Србинот Новак Ѓоковиќ