Connect with us

Други спортови

Надал го „предизвика“ Ѓоковиќ: „Да сакаше немаше да има проблеми“

Рафаел Надал му порача на Новак Ѓоковиќ дека мора да ги сноси последиците бидејќи не бил вакциниран.

Ѓоковиќ доби медицинско ослободување, но властите во Австралија не му дозволија да влезе во земјата поради важечка виза.

Српскиот тенисер поднесе жалба, а денеска го чека рочиштето во сојузниот суд во Мелбурн, додека неговите сонародници му даваат голема поддршка.

Свој коментар даде и Рафеал Надал откако беше прашан дали му е жал за Ѓоковиќ или светскиот рекет број 1 мора подобро да се запознае со целата ситуација.

„Немам мислење за тоа. Мислам дека доколку сака, без проблем би играл во Австралија“, изјави шпанскиот тенисер.

„Тој отиде на друг начин, ги донесе своите одлуки, секој е слободен да одлучува, но потоа треба да се сносат последиците.

„Секако дека не ми се допаѓа ситуацијата што се случува. На некој начин, жал ми е за него. Но, во исто време, тој ги знае условите од пред неколку месеци и самиот си ги носи одлуките.

Новинарите го прашаа Надал дали би го поттикнал Ѓоковиќ да се вакцинира. И тука се очекуваше одговорот.

“Не охрабрувам никого. Секој треба да го прави она што мисли дека е добро за него. Но, постојат правила, ако не ја добиете вакцината, тогаш може да имате проблеми. Тоа е работата”, заклучил Надал.

Реклама

Facebook

Реклама