Connect with us

Други спортови

Надал му препушти само еден гем на Џумхур

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на турнирот во Рим, откако денеска го порази Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина со 2-0, во сетови (6-1, 6-0).

Надал беше голем фаворит во мечот и ја оправда таа улога без никакви проблеми. На самиот старт на натпреварот направи два брејка и водеше со 5-0. Џумхур успеа да освои еден гем на крајот од првиот сет и тоа беше сè што направи на целиот натпревар.

До крајот, Надал ги освои сите гемови, а натпреварот траеше 60 минути.

Надал во наредното коло ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Робин Хасе и Денис Шаповалов.