Поврзи се со нас

Други спортови

Надал: На 19 години ми рекоа дека никогаш повеќе нема да играм тенис

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, еден од најдобрите во историјата на овој спорт, изјави дека беше на крајот на својата кариера како 19-годишник.

Надал го освои својот прв трофеј на Ролан Гарос во 2005 година, но проблемите со левото стапало му зададоа големи главоболки.

“Само што го освоив својот прв трофеј на Ролан Гарос, ми рекоа дека не можам повеќе да играм тенис поради деформирана лева нога. Болката беше толку силна што морав да седам на средина на теренот и да ги удирам топките. На крајот успеав да се излекувам”, вели Надал.

Рафа го пофали и својот вечен ривал, Швајцарецот Роџер Федерер.

“За мене, тој е еден од најголемите вистински ривали во историјата. Тој е мој пријател. Тој беше голем ривал за мене, и тоа е добро и за нас и за тенисот. Ние се боревме цел живот и некако сме слични”, додаде Шпанецот.

 

 

loading...

Facebook