Други спортови
Надал: Позитивен сум, но се чувствувам добро
Коронавирусот повторно е една од главните теми во светот.
Денеска беше потврдено дека и познатиот шпански тенисер Рафале Надал е позитивен на коронавирус
Надал се огласи на социјалните мрежи и потврди дека е позитивен, и дека се вратил во Шпанија.
Шпанецот играше во Абу Даби на егзибициски турнир, а по враќањето дома реши да се тестира.
Наодите покажаа дека е позитивен.
Тој рече дека има симптоми и се надева дека ќе се опорави што е можно поскоро.
„Бев негативен на минатите тестови, а последниот тест во петокот покажа дека сум позитивен. Моментално сум дома во самоизолација, се чувствувам добро и ги информирав сите со кои сум бил во контакт“, напиша Надал.