Connect with us

Други спортови

Надал реди порази!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е поразен од Австралиецот Алекс де Минор со 3:6, 6:1, 7:5 во првиот натпревар од последното коло од групата Д на Купот на Јунајтед во Сиднеј. Натпреварот траеше два часа и 43 минути. Надал успеа да го добие првиот сет со резултат 6:3, а потоа Австралиецот одлично се снајде во вториот сет кој му препушти само еден гем на противникот. Голема борба беше забележана во третиот сет, кој му припадна на Де Минор 7:5. Овој натпревар забележа 10 брејка.

Натпреварот немаше резултатски императив, бидејќи Велика Британија веќе се пласираше во нокаут фазата на Купот на Јунајтед како победник во групата Д.

Ова е втор пораз за Надал во Сиднеј, бидејќи второпласираниот тенисер во светот загуби од Британецот Камерон Нори во првото коло од групата.

Купот на Јунајтед беше подготовка на Надал за Австралија опен, кој започнува на 16 јануари.

Шпанецот ја брани титулата во Мелбурн, откако минатата година во финалето го совлада Русинот Данило Медведев со 2:6, 6:7 (5:7), 6:4, 6:4, 7:5.