Connect with us

Други спортови

Надал се огласи, еве што изјави за турнирот организиран од Ѓоковиќ на кој се заразија со Ковид 19 неколку тенисери

Новак Ѓоковиќ се најде во центарот на светската јавност откако среде пандемија со коронаивирус организираше тениски турнири во Србија и Хрватска. Особено проблематичен беше оној во Хрватска од кој неколку тенисери излегоа позитивни на Ковид 19, меѓу кои самиот Ѓоковиќ и неговата сопруга.

Еден од неговите најголеми ривали Рафаел Надал не сакаше досега да се изјаснува за ова, но конечно даде изјава.

-Секако дека беше грешка на организаторот да има турнири во Србија и Хрватска. Сепак, грешките се нормална работа, посебно кога се соочувате со ситуација со која претходно никогаш не сте се соочиле.  Се надевам дека луѓето од примерот со Адрија тур ќе научат нешто и ќе ги носат најисправните одлуки, изјави Рафаел Надал.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com