Connect with us

Други спортови

Надал се повреди, крвареше, но го победи Фоњини (ВИДЕО)

Рафаел Надал го совлада Фабио Фоњини со 3:1 во сетови и обезбеди пласман во второто коло на УС Опен.

Надал во текот на четвртиот сет го удри носот со рамката од рекетот, што предизвика расекотина и крварење, па мораше да му се помогне на теренот. Сепак, не му беше тешко да го заврши започнатото, па лесно дојде до победа над Италијанецот.