Connect with us

Други спортови

Надал се согласува дека Федерер е најдобриот тенисер во светот

Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопес, откри што му кажал неговиот сонародник Рафаел Надал, за полемиката околу тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња.

Лопес, кој гостуваше во емисијата „ Онда Церо“, изјави дека Федерер е најдобриот тенмисер во светот, а потоа откри дека со тоа се сложил и Рафаел Надал.

  • Тоа му го кажав на Надал и тој се сложи со тоа, изјави Лопес

Лопес од наредната година ќе биде директор на мастерс турнирот во Мадрид, а на ова место ќе го замени легендарниот Маноло Сантана.

  • Тоа за мене е нова димензија на работата, но зад себе имам одличен тим од луѓе кои ми помагаат. Учам доста и ова е голема можност за мене, но и голема одговорност, додаде Лопес.

Моментно 64. тенисер во светот следната година ќе ја заврши тениската кариера на 38 години.

  • Сакам да играм и наредната сезона и ако се помине како што треба, таа ќе биде последна во мојата кариера. Планот е да ја завршам кариерата додека сум уште конкурентен, заврши Шпанецот