Connect with us

Други спортови

Надал се врати на теренот и се подготвува за пат во Австралија

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал тренираше во својата академија, бидејќи по десет дена излезе од карантин.

По егзибицискиот турнир во Абу Даби, Надал дознал дека е заразен со корона вирусот, поради што морал да биде изолиран.

Во меѓувреме тренираше дома, а сега се врати на теренот.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, 20-кратниот Грен слем шампион в четврток ќе отпатува за Австралија.

Првите натпревари треба да ги одигра на турнирот од серијата 250 во Мелбурн, кој започнува на 4 јануари.

Австралија опен е на програмата од 17 јануари. Надал само еднаш во кариерата триумфираше на првиот Грен слем сезонава.