Други спортови
Надал шокиран, Ѓоковиќ се врати на врвот
Рафаел Надал го доживеа првиот пораз оваа година. Тој е поразен од Тејлор Фиц во финалето на Индијан Велс, кој славеше со 2:0 во сетови со што стана првиот Американец кој го освоил овој турнир.
Од друга страна, по само три недели, на првото место на АТП листата се врати Новак Ѓоковиќ, кој така ја почна 362. недела на врвот на АТП, па сега има 8.465 бодови, односно 55 повеќе од Русинот Данил Медведев.
Доколку Медведев не се пласира во полуфинале на Мастерсот во Мајами, Ѓоковиќ ќе го задржи првото место и ќе биде прв носител во Монте Карло.