Connect with us

Други спортови

Надал со жестоки критики за Ѓоковиќ: Шест милиони луѓе умреа, мислев дека и тој ќе се вакцинира

Не им се допадна одлуката на челните луѓе на Австралија опен на некои луѓе да направат исклучок и да му дозволат на Новак Ѓоковиќ да настапи на овој турнир иако упорно одбива да се вакцинира против Ковид 19. Еден од нив е Тони Надал, татко на легендарниот тенисер Рафаел Надал.

„Морам да признаам дека до оваа објава за ‘медицински исклучок’, мислев дека Ноле или ќе се откаже или ќе се вакцинира. Скоро шест милиони луѓе го загубија животот од овој проклет вирус. Сакам да мислам дека Ѓоковиќ тоа го знае и дека како знак на човечко чувство ќе ја објасни целата ситуација“, изјави меѓу другото Тони Надал.

Реклама

Facebook

Реклама