Connect with us

Други спортови

Надал: Турнирот во Рим ќе биде добар тест, но немам големи очекувања

Рим, 15 септември 2020 (МИА) – Минатогодишниот шампион на Мастерсот во Рим, Рафаел Надал нема големи надежи дека ќе успее да ја одбрани титулата.

За Надал настапот во италијанската престолнина ќе биде прв по подолгата пауза и единствениот пред одбраната на титулата на Грен слемот Ролан Гарос.

  • Очигледно, ви требаат натпревари за да се чувствувате 100%. Но, нема што да се стори. Дојдов тука и имав доволно време да вежбам правилно. Турнирот ќе биде добар тест. Драго ми е што ќе се вратам на натпреварувањето, но немам големи очекувања, изјави Надал.

АТП Мастерсот 100 во Рим почна вчера и ќе трае до 21 септември. зс/