Други спортови
Надал за Ѓоковиќ: Австралија Опен е поважно од кој било играч
Одлука за Новак Ѓоковиќ се уште не е донесена.
Ѓоковиќ е во притвор, а конечната одлука за депортација или престој во Австралија паѓа вечерва.
Доколку популарниот Ноле остане во Австралија, во понеделник ќе биде пуштен од притвор.
За целата ситуација се огласи и Рафаел Надал.
„Нема играч кој е поважен од конкуренцијата. Никој, ниту Роџер, Новак или јас. Австралија опен е поважен од кој било играч“, изјави Надал.
Посочува дека турнирот ќе биде одличен и без првиот рекет во светот.
„Ако игра, ќе биде во ред. Ако не, Австралија Опен повторно ќе биде одличен турнир. Тоа е мојот став. Навистина го почитувам, иако не се согласувам со многу работи што ги направи во последните недели“.