Други спортови
Надал за потегот на Ѓоковиќ: Чудно е како некој толку успешен како него реагира така, не би требало да му се случува тоа
Рафаел Надал за Новак Ѓоковиќ вели дека е натпреварувачки настроен, но би требал да ги избегнува потезите и ситуациите како што беше на мечот и поразот од Пабло Карења Буста кога го фрли рекетот по битката за бронзениот медал на ОИ во Токио.
-За среќа немаше никој на трибините, па немаше ниту последици. Таквите случувања ги има од време на време. Но, важно е да ги избегнеме таквите ситуации. Ѓоковиќ е пример за голем број на деца, светски број еден и најдобар играч во историјата. Чудно е некој толку успешен понекогаш така да реагира, но на крајот на краиштата тој е многу натпреварувачки настроен, поради тоа така реагира, вели Надал.