Поврзи се со нас

Фудбал

Надежите на Македонија ја пречекуваат Црна Гора – за второ место во групата!

Избраниците на Благоја Милевски денеска ќе се соочат со Црна Гора која е далеку од нашиот национален тим на табелата и ќе се борат да ја задржат моменталната позиција.

Селекторот Благоја Милевски има многу проблеми да го состави најдобриот состав, Дарко Чурлонов се врати во Германија на барање на Штутгарт, тоа го одобри нашиот селектор, проблеми создадоа Ковид тестовите.

„Принудени сме на големи промени, повикавме нови фудбалери и ќе направиме се што е во наша можност да одиграме квалитетно на последниот натпревар. Иако, промените се принудни може да ветиме дека и со овие фудбалери ќе одиграме максимално, а ќе видиме што тоа ќе донесе на резултатски план“ – вели селекторот Благоја Милевски пред денешниот дуел.

Дуелот Македонија – Црна Гора се игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во комплексот ќуќа на фудбалот, а главен судија е Австриецот Кристофер Јагер.

Средбата на У21 селекцијата на Македонија се игра од 13-30 часот на теренот на ФФМ со пренос на МТВ.

loading...

Facebook