Connect with us

Други спортови

Наежувачки слики од Грожан како бега од запален болид: Само чудо го спасило овој возач (ФОТО+ВИДЕО)

Ромен Грожан доживеа ужасна несреќа во трката за Големата награда на Бахреин.

Возачот на Хас изгубил контрола над болидот, удрил во заштитните огради, а потоа болидот експлодирал.

За среќа, Грожан успеа да излезе жив. Го спасил фактот што останал при свест и со помош на редарот избегал од пламенот, а болидот останал целосно уништен.

Фотографиите на кои овој возач бега од пламенот се наежувачки, а оваа несреќа тој сигурно ќе ја памети додека е жив.