Фудбал
Нагелсман: Ако победи Гвардиола победи, сите би рекле „тактика од светска класа“
Лисабон, 17 август 2020 (МИА) – Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман зборуваше за елиминацијата на Манчестер сити од Лигата на шампионите. Вицешампионот на Англија предводен од тренерот Пеп Гвардиола, загуби во четвртфиналето од Лион 1:3. Многу експерти сметаат дека необичната тактика на Сити со тројца централни дефанзивци е главна причина за поразот.
– Не можам да кажам ништо за одлуката на Пеп, затоа што не знам колку често тренираа со тројца бранители. Во секој случај, формацијата не беше доволно разработена. 4-3-3 или 3-4-3, мислам дека не е толку важно за Кевин де Брујн. На крајот на краиштата, ова се само индивидуални ситуации. Премногу е лесно да се обвинуваат тактиките. Ако победеше Манчестер, сите ќе кажеа: „Тактика од светска класа! Тој ги изненади сите! – изјави Нагелсман.
Лајпциг утре во полуфиналето од ЛШ ќе игра со ПСЖ, додека Лион задутре ќе се сретне со Баерн Минхен. зс/