Connect with us

Фудбал

Нагелсман го собори рекордот на Дешам во Лигата на шампионите

Лајпциг, 14 август 2020 (МИА) – Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман стана најмладиот тренер во историјата на Лигата на шампионите што стигна до полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Германецот до најголемиот резултат на Лајпциг стигна со 33 години и 21 ден. Пред тоа, рекордот му припаѓаше на Дидие Дешамп, кој во сезоната 2003/04, заедно со Монако, стигна до финалето 1/2 на возраст од 35 години и седум месеци.

Во полуфиналето Лајпциг ќе се сретне со ПСЖ.

Натпреварот ќе се одржи на 18 август. зс/