Фудбал
Нагелсман не е задоволен од ждрепката во Лигата на шампионите
Главниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, жали што веќе во осминафиналето неговиот тим мораше да се сретне со еден од фаворитите Пари Сен Жермен.
“Нашиот совршен настап во групите не ни донесе полесен противник. Пари Сен Жермен е во иста ситуација – и тие не се задоволни што играат против нас. Натпреварот е сеуште далеку, но парижаните се силен противник со многу ѕвезди“, рече Нагелсман пред Kicker.
Баерн оствари шест победи во групата Ц, победувајќи ги Интер, Барселона и Чешка по два за да заврши прв, надевајќи се на полесен противник во првото коло.
Пари Сен Жермен собра 14 бода и заврши на второто место во групата Х, отстапувајќи и го првото место на Бенфика по дополнителни показатели.