Connect with us

Фудбал

Најавен состанок помеѓу Бартомеу и таткото на Меси, секој има свој план за решавање на ситуацијата

Откако шпанската Ла Лига издаде соопштение во кое се вели дека Лионел Меси има важечки договор со Барселона и дека не може да замине додека не се плати клаузулата, закажан е состанок помеѓу првиот човек на каталонскиот тим Жозеп Бартомеу и таткото на фудбалерот, Жорге, кој воедно е и негов менаџер.

Жорге Меси наредната недела ќе допатува во Барселона и ќе седне на маса со Бартомеу, пишува „Мундо Депортиво“. Бартомеу на состанокот ќе предложи Меси да потпише нов договор и да остане во Барселона, а се останато ќе го смета за неприфатливо. Од друга страна, Жорге ќе инсистира неговиот син пријателски да се раздели со клубот во кој ја помина целата своја досегашна кариера.