Connect with us

Фудбал

Најбрзиот човек на планетата се уште разочаран: Не ја добив вистинската шанса во фудбалот

Јамајканецот Усеин Болт (34) изјави дека не му е дадена вистинска шанса да се докаже во австралиската А-лига и да стане професионален фудбалер. Осумкратниот олимписки првак се обиде во 2018-та да почне фудбалска кариера во тимот на “Central Coast Mariners”, но неуспешно се обиде и во клубови во Германија, Јужна Америка и Норвешка.

-Некогаш ќе помислам дека не испадна како што треба бидејќи премногу го сакам фудбалот. О, да секако, понекогаш се уште размислувам за тоа, вели Болт.