Connect with us

Фудбал

Најбрзиот црвен картон во историјата на фудбалот! Човеку, дали си нормален – Потег за во затвор по 5 секунди! (ВИДЕО)

Најбрзиот црвен картон во историјата на фудбалот, по само пет секунди од натпреварот. Потег што е за затвор. Сè се случи во натпреварот помеѓу младите национални тимови на Јордан и Таџикистан (селекции до 20 години). Глупостите ги направи Бакер Камал.

Само што судијата даде знак да започне натпреварот од азискиот куп, се создаде хаос. Напаѓачот Јордан се обиде да ја освои топката, но го стори тоа на ужасен начин. Тој ја крена ногата високо и директно го удри дефанзивецот во главата. Судијата немаше дилема, тој веднаш му покажа црвен картон и го исклучи.