Connect with us

Други спортови

Најдобрата македонска тенисерка ќе игра финале на турнирот во Чешка

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на ИТФ турнирот кој се игра во чешкиот град Оломуц. Ѓорческа ќе се бори за трофејот, откако во полуфиналето, по голема борба ја победи Дарја Астакхова од Русија и тоа со 6:2, 3:6, 6:3.

Во финалето, Лина ќе игра против домашната тинејџерка Сара Бејлек која има само 16 години и е една од најталентираните тенисерки не само во Чешка, туку и во цела Европа во нејзината возраст.