Connect with us

Други спортови

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра полуфинале во Визбаден

Искусната италијанска тенисерка Федерика Ди Сара го предаде дуелот по 41 минута против Лина Ѓорческа, па нашата најдобра тенисерка ќе игра во полуфиналето во Визбаден.

Ѓорческа го доби првиот сет експресно, со 6-1 откако Ди Сара двапати дозволи брејк во четвртиот и шестиот гем.

Македонката тргна со одземен сервис и во вториот сет, потоа го доби и вториот гем, по што Ди Сара реши да го предаде дуелот.