Фудбал
Најдобри 11 на Виери: Италијанци, Бразилци и еден натрапник
За време на пандемијата на коронавирусот, трендот меѓу фудбалерите, сегашни и поранешни, беше формирање на идеален тим со кој ја делеле соблекувалната.
Својот идеален тим го избра и легендарниот Кристијан Виери, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Серија А и поранешен член на Јувентус, Милан, Интер, Лацио и Атлетико Мадрид.
Со оглед на имињата на клубовите, јасно е дека популарниот Бобо во текот на својата кариера ја сподели соблекувална со многу врвни играчи. Во неговиот „тим од соништата“ доминираат Италијанците и Бразилците, заедно со натрапникот од Аргентина – Хуан Себастијан Верон.
Како што се очекуваше, Виери помеѓу стативите го постави Џанлуиџи Буфон. Во одбрана, бразилските бекови Кафу и Сержињо, и италијанските стопери Паоло Малдини и Алесандро Неста.
Во ултра офанзивата 4-2-4 составот, Андреа Пирло и Верон би играле во средниот ред. Напаѓачкиот квартет би го сочиле Франческа Тоти, Роналдо „Феномено“ и Роберто Баџо заедно со Виери.