Connect with us

Фудбал

Најдобриот футсал голман во светот има топ во нозете: Пости проектил од 15 метри (ВИДЕО)

Во Холандија во тек е Европското првенство во футсал.

Досега се постигнати неколку прекрасни голови и видени низ вистински мајстории, но еден привлече внимание.

Не е чудно што се применува таканареченото футсал правилото „голман и играч“, па голманите обично се одлични техничари, особено во најсилните селекции.

Реномето на најдобар футсал голман на светот го носи Бразилецот Лео Игуита, кој долги години настапува за репрезентацијата на Казахстан.

Каков мајстор е 35-годишникот покажа и на дуелот против Финска, кога постигна одличен гол со разорен удар.

Игуита ја затегна десната нога и испука проектил од околу 15 метри, оставајќи го без шанса својот колега од другата страна.

Инаку, Казахстанците го добија тој натпревар со 6:2 и по ремито против Словенија во првото коло, во последниот натпревар треба да освојат барем бод против Италија за да се пласираат понатаму.