Connect with us

Други спортови

Најдобриот италијански тенисер на сите времиња: Ѓоковиќ има психички проблеми

Познатиот тениски интернет портал tennisworldusa.com објави интервју со најдобриот италијански тенисер Адријано Паната, кој како никогаш досега зборуваше лошо за најдобриот во моментов светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

-Новак мисли дека е Бог. Тој има психички проблеми, вели Паната, веднаш одговарајќи кој според него е најдобар.

-Тоа е лесно, Роџер Федерер. Статистиката која зборува во корист на Ѓоковиќ не ме интересира, јас ја гледам пошироката слика. Стилот, начинот на игра, чувство за игра, ги гледам комплетните статистики. Федерер секогаш беше и ќе биде оној кој игра подобро од сите останати, вели Паната.