Фудбал
Најдобриот стрелец од минатата сезона, во составот на Вардар за дуелот против Борец?!
Најдобриот стрелец и играч од минатата сезона во ПМФЛ, Даниел Аврамовски денеска ќе настапи во дресот на Вардар против Борец. Тој е фудбалер на „црвено-црните“ но во изминатиот период требаше да замине во друг клуб, односно во странство, но како што стојат работите се чини дека се уште не обезбедил трансфер.
Едно време се зборување за турски Коњаспорт, но според порталот „Вардар Фанс“ тој сигурно денеска, иако не беше претходно планирано, ќе настапи на дуелот против Борец од Велес.
Натпреварот започнува во 17:30 часот, а МРТ1 ќе врши директен пренос.