Connect with us

Фудбал

„Најдобро е Мбапе да остане во ПСЖ“

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино ја коментираше темата за иднината на Килијан Мбапе . Напаѓачот се уште не дал дефинитивен одговор на прашањето дали ќе остане во тимот, но во последната недела имаше голем број на информации дека е подготвен повторно да потпише со Париз.

„Го сакам најдоброто и за Килијан и за клубот. За ПСЖ најдобро ќе биде Мбапе да остане и мислам дека тоа би било оптимално решение и за него. Преговорите се во тек“, изјави Покетино.

Аргентинецот беше запрашан и дали е можно Мбапе да го предводи тимот со капитенската лента на денешниот натпревар против Клермон .

„Килијан е една од опциите“, изјави Покетино.