Фудбал
Најголемиот фудбалски трансфер за ова лето – Вистинска бомба од 130.000.000 евра на Реал Мадрид
Реал Мадрид ги искористи првите денови по разочарувачката сезона за да се раздели со играчите, а потоа во средата попладне експлодира бомба на две места – во Дортмунд и главниот град на Шпанија! Во текот на летото Мадрид ќе стане посилен за англискиот фудбалер Џуд Белингем (19), а целиот трансфер на централниот играч за врска би можел да изнесува над 130 милиони евра.
Засега е познато дека Реал Мадрид за младиот фудбалер ќе плати 103 милиони, додека Борусија Дортмунд врз основа на бонуси би можела да заработи уште 31 милион. Младиот фудбалер ќе потпише договор до 2029 година и од првиот ден од подготовките ќе му биде на располагање на Карло Анчелоти, бидејќи пред неколку месеци ги договорил личните услови со најголемиот шпански клуб.