Connect with us

Фудбал

Најголемиот проблем на Сити е Пеп Гвардиола, играчите не го разбираат!

Во екот на големата приказна за казната на Манчестер Сити на кој му се заканува сериозен егзодус на крајот на сезоната, „Граѓаните“ се подготвуваат за осминафиналето од ЛШ против Реал Мадрид. Ќе биде тоа меч од најголема важност на Сити бидејќи сите надежи за титула во Премиер лигата се загубени.

Неименуван фудбалер на овој клуб изјавил дека често пати не ги разбира идеите и барањата на тренерот, со образложение дека некогаш се многу комплексни. Но, играчите кои зборуваат шпански, го разбираат подобро.

Англискиот тим не успеал да се доближи до освојување на пехарот во ЛШ иако во изминатите години потроши цело богатство за таа цел.