Фудбал
Најголемите изненадувања на Мундијалот
Победата на Саудиска Арабија со 2-1 над Аргентина во воведното коло од групата Ц на Светското првенство во Катар е несомнено меѓу најголемите изненадувања во историјата на Светските првенства и може да се спореди со триумфот на Северна Кореја над Италија или со победата на САД над Англија.
Аргентина пристигна во Доха како еден од главните фаворити за светската титула и беше во серија од 36 натпревари без пораз. Рекордот остана во посед на Италија со 37 натпревари без пораз.
Најголемите изненадувања во историјата на Светските првенства:
Северна Кореја – Италија 1:0 (19.7.1966, Англија)
САД – Англија 1:0 (29.6.1950, Бразил)
Камерун – Аргентина 1:0 (8.6.1990, Италија )
Сенегал – Франција 1:0 (31.5.2022, Јужна Кореја)
Западна Германија – Унгарија 3:2 (4.7.1954, Шведска)
ГДР – Западна Германија 1:0 (22.6.1974 Западна Германија)
Бразил – Уругвај 1:2 (16.7.1950, Бразил)