Тајмаут
Најк престана да ги продава сите производи од линијата Коби Брајант
Смртта на Коби Брајант имаше огромно влијание врз секое ниво на спорт, толку многу што Најк, компанијата за облека која ја спонзорираше американската легенда скоро цела кариера, реши да ги повлече сите свои производи од линијата Коби Брајант од продавниците.
Американската компанија го стори ова со цел да избегне да ги искористи огромните барања направени од луѓе кои сакаат да му оддадат чест на Брајант со купување на неговите производи.
Брајант и неговата 13-годишна ќерка, Џиана, заедно со седум други, починаа во неделата од хеликоптерската несреќа.
41-годишниот, кој минал 20 години со кошаркарскиот тим од НБА, Лос Анџелес Лејкерс, го загубил животот кога хеликоптерот со кој се движел се урна на планината близу Лос Анџелес.
Најк во соопштението за печатот рече: „Тој беше еден од најдобрите спортисти на својата генерација и влијанието што тој го имал врз спортскиот свет и кошаркарската заедница е неспоредливо“.
„Тој беше сакан член на семејството Најк, затоа засекоша ќе остане запаметен. Засекогаш Мамба!“ Се вели во соопштението.
Потоа, оваа компанија најави дека ќе ја запре продажбата на производите на Брајант.
„Сите производи на Коби се повлечени и сите оние што порачаа преку Интернет се вратени. Ние нема да продаваме никакви производи на Коби до следното објавување“.