Поврзи се со нас

Други спортови

Најкратката борба во историјата на хокејот траеше три секунди: По нокаутот, теренот го напушти на носилка (ВИДЕО)

Во хокеј, воопшто не е чудно хокеарите да се борат за време на натпревар, а најлошата и најкратката борба беше забележана во Словачка пред неколку дена.

Хокеј играчот на Дукле Михаловце, Марк Луис излезе како победник во борбата против Парик Маер, која траеше само неколку секунди.

Луис со еден удар го нокаутираше Мајер, кој изгуби свест и на носилки го извадија од теренот.

Мајер се освести во болницата, но не можеше да се сети на деталите за инцидентот.

“Се чувствував лошо кога го видов мојот соиграч како лежи неподвижен на мразот. Се надевам дека ќе биде добро и наскоро ќе се врати”, рече Маријан Студениќ од Слован Братислава.

Инаку, во еден многу ефикасен натпревар, Слован победи со резултат 7:4.

 

loading...

Facebook