Поврзи се со нас

Фудбал

Најлошата можна вест за Барселона! – овој фудбалер ќе мора да оди на операција

Ансу Фати се повреди на вчерашниот меч против Бетис во Примера и дефинитивно го очекува пауза од неколку месеци од фудбалот.

Еден од најголемите светски специјалисти, докторот Рамон Кугат, денеска го посети Ансу Фати и ги потврди лошите вести.

Уште полоши вести за шпанскиот гигант е тоа што ваквиот зафат значително ќе го ослаби коленото на младиот играч. Тоа значи дека во иднина би можел да има уште проблеми поврзани со истата нога. Според блиски луѓе до Фати, тој е тажен, но подготвен да ги слуша советите на докторите, со цел побрзо за закрепне и да му се врати на фудбалот.

18-годишниот Ансу е еден од талентираните играчи кои годинава добиваат голема шанса кај Роналд Куман, тој одигра десет натпревари, седум во Примера и три во Лигата на шампионите или вкупно за 596 минути даде пет голови и две асистенции.

loading...

Facebook