Connect with us

Тајмаут

Најлошата натпреварувачка на Олимписките игри ќе заработи милиони (ВИДЕО)

Австралиската брејкденсерка Рејчел Ган (36), која со катастрофален настап се „прослави“ на Олимписките игри во Париз, ќе заработи милиони од новооткриената слава, велат експертите за маркетинг. Рејчел Ган, или уметничкото име Рејгун под кое настапуваше во Париз, стана интернет сензација поради својот настап кој не и донесе ниту еден поен. Судиите со неверување ги следеа трите настапи на Рејгун во кои таа скока како кенгур и се тркалаше на подот надвор од ритамот, а гледачите беа шокирани и од нејзините изведби, а на социјалните мрежи доби многу критики.

Австралијката се бранеше дека сама го смислувала секој потег и дека се единствени, а на крајот и донеле голема слава која според маркетинг експертот Макс Марксон ќе ја направи милионерка.

„Таа веќе има огромен бренд. Нејзината репутација во Австралија не е толку голема, но таа е позната низ целиот свет. Ќе добие меѓународни понуди од брендови за спортски чевли како Адидас или Пума, компании за храна, електрични автомобили, а исто така ќе доби понуда од светот на телекомуникациите, а бидејќи таквите договори плаќаат околу 500.000 долари, таа е на пат да заработи до 2,5 милиони долари“, рече Марксон.