Connect with us

Други спортови

Најмногу во историјата на тенисот: Погледнете колку пари заработил Ѓоковиќ во досегашната кариера

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред два дена го освои Ролан Гарос откако во финалето го победи Стеганос Циципас.

Ѓоковиќ и Циципас одиграа фантастичен натпревар во Париз и го покажаа целиот шарм на тенисот. Грчкиот тенисер водеше со 2-0 по првите два сета и се чинеше дека може да стигне до првата титула на Грен слем турнири, но тоа не се случи.

После тоа, српскиот тенисер одигра фантастично и успеа да стигне до пресврт и победа од 3:2. За Новак ова беше веќе 19-та Грен слем титула во неговата кариера и тој има само една помалку од Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Дебатата околу тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња од тројцата не мачи со години, но факт е дека Ѓоковиќ наскоро би можел да ги надмине Федерер и Надал во освојувањето на грен слем титулите.

Исто така, српскиот тенисер е убедливо прв по заработка во досегашната кариера, и е убедливо најбогатиот тенисер во историјата на овој спорт.

Имено, Ѓоковиќ во својата кариера досега заработи неверојатни 123.688.000 долари, а само со освојување на титулата на Ролан Гарос инкасираше 1,4 милиони евра.

Зад него по заработка е Роџер Федерер, кој заработи 107.512.000 евра, а го следи Надал, кој досега успеа да собере 103.165.000 евра во својата кариера.

Во светот на женскиот тенис заработката е значително помала, а Серена Вилијамс е далеку пред своите противници. 39-годишната Американка заработи 78.000.300 евра во нејзината богата кариера.

Откако Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, во центарот на вниманието беше Босна и Херцеговина, односно пирамидите во Високо, кои овој тенисер ги посети пред да замине за Париз.

За тоа зборуваше и легендарниот германски тенисер Борис Бекер, кој ја спомена пирамидата Високо во вчерашната програма на Еуроспорт.

“Новак црпи енергија од посебен “свет рид”. Ѓоковиќ веќе неколку пати го посети Високо во Босна и Херцеговина каде се наоѓа тој “свет рид”. Нема сомнение дека му помага енергијата, за која вели дека постои таму”, рече Бекер .

 

Реклама

Facebook